Вообичаен попладнвен скопски сообраќаен метеж. Гужва кај Скопски саем. Граѓаните брзаат да го посетат саемот кој е во тек, за да ја купат омилената книга.
Освен од граѓаните, улиците се блокирани и од полицијата, која врши подготовки за делегацијата која што треба да помине. Илија Темелковски во брзање да стигне на време на тренинг, каде го чекаат играчите, го замолува полицискиот службеник да го пушти да помине.
Сепак доби одговор каков што не очекуваше.
Темелковски признава дека можеби реагирал поостро отколку што било потребно, но вели дека тоа не му дава за право на полицаецот да реагира на таков начин. Тој најави дека случајот ќе го пријави. Но, од МВР велат дека случајот се уште не е пријавен во внатрешната полициска контрола.
Темелковски вели дека ќе покрене тужба и ќе бара одговорност од полицајците.
Извор: ТВ21