По тврдењето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека изјавата на генералниот секретар Игор Јанушев за можноста партијата да ги бојкотира претседателските избори – била спинувана, од емисијата „360 Степени“ интегрално ги објавија прашањата и одговорите на Јанушев за потенцијалниот бојкот, дадени во понеделникот на 14 јануари 2019 година.
Инаку, Мицкоски вчера во интервју на Алфа рече дека партијата нема да ги бојкотира претседателските избори, туку напротив, дека ќе победи и подвлече дека изјавата на генералниот секретар била намерно спинувана.
-Не само што ќе излеземе на претседателски избори, туку и бараме предвремени парламентари избори, за да се стави крај на манипулациите и лагите на владата предводена од СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка сила и ќе учествува на изборите, на кои нема дилема дека ќе победиме. Но, потребна ни е довербата од народот. Само со помош на народот ни можеме да ја браниме Македонија. Ние не можеме како опозиција, со предупредувања да го корегираме она што го прави Владата. Затоа бараме и предвремени парламентарни избори – рече Мицскоки и додаде дека изминативе две години на виделина излегле сите лаги, манипулации и криминали на СДСМ предводена од Зоран Заев.
