(ВИДЕО) Отворени портите на Владата

Од денеска, граѓаните можат слободно да се движат во дворот на Владата.

Пред две години на барање на тогашниот премиер, Никола Груевски, околу Владата беше поставена ограда која ја чинеше државата 700 илјади евра.

Дознаваме дека на денешната владина седница ќе биде отворено и прашањето за можно целосно отстранување на оградата.

Пред најавената седница на Влада, премиерот Зоран Заев оствари средба со амбасадорот на ЕУ во земјава, Самуел Жбогар.

Видео: novatv.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e