(ВИДЕО) Орданоски: Сценариото на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски е да дојде до инцидент!

„Јавноста не ги знае сите детали од приказната којашто е комплексна и сите заднински стории што се развиваат и се во тек во парламентот. Парламентарното мнозинство имаше можност да се конституира досега, но не без инцидент. А, тоа е сценариото на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски. Тие сакаат да дојде до инцидент, за да им отвори можност за ново преговарање, зашто тие тогаш би го напумпале, би го издигнале, би било можеби непријатно… За да не се решаваат потоа работите преку институциите, на кои треба да им се врати довербата и капацитетот, туку повторно преку лидерски средби, замешателства…, за да се дојде до договорање зад затворени врати. Тоа е сценариото на ВМРО-ДПМНЕ… Веројатно, проценките на лидерите на тоа мнозинство се дека им треба уште време, некои прашања да се дозатворат, некои потенцијали да се истрошат од власта, некои опции да потрошат, да се добие кристално јасна меѓународна поддршка, па потоа, евентуално да се премине на нешто, што сите се надеваме дека ќе биде следна фаза на решавање на кризата“, оценува д-р Орданоски.

„Мислам дека можеби едно од сценаријата е да се предизвика маркација на крајните позиции на сите учесници во политиката и да се види, кој на што е подготвен, зашто што, што и да се случува, ќе има последици. Очекувам наредниве денови, сепак, да се премине на конкретна активност, за формирање нова влада. А, потоа прашањата ќе се решаваат едно по друго“, смета Орданоски.

„Специјалното јавно обвинителство, немам сомневање дека тоа ќе продолжи да работи и дека ќе си ја одработи својата работа, дури и овој рок од неколку месеци, ним ќе им бидат доволни. Бидејќи очекувам дека во наредниот период ќе дојде до многу зголема активност на СЈО, во смисла на објавување на нови основани кривични сомневања за разни луѓе, од различни позиции од актуелната власт. А, потоа, откако ќе застане на нозе и новата власт, секако дека ќе се отвори расправата и за Специјален суд и за продолжување на работата на СЈО“, вели, меѓу другото, д-р Орданоски во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e