Тимот на Специјалното јавно обвинителство синоќа соочени со опструкции ,без целосно да ја заврши работата си замина од просториите на МВР, каде се наоѓа и УБК. Како што кажа обвинителката од СЈО Ленче Ристоска, добиле гаранција од министерот за внатрешни работи ,Оливер Спасовски, дека ниту еден податок или опрема нема да излезе од МВР, и тој веќе ангажирал полициско обезбедување на УБК.
По оваа гаранција, во моментов во УБК нема ниту еден истражител или обвинител на СЈО, а со работа ќе продолжат денеска, за до крај да ја спроведат судската наредба.
Тие денеска објавија дека успеале да го добијат поголемиот дел од податоците согласно судската наредба, а за остатокот се чека експертот од Ериксон.
Видео – А1он