(ВИДЕО) НОВА: Мијалков избега од новинарските прашања пред СЈО

По цели два часа поминати во просторите на Специјалното јавно обвинителство, поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков си замина и ги избегна прашањата на новинарите.

Медиумите буквално го имаа опколено излезот од СЈО, во исчекување да излезе Мијалков и да даде коментар или изјава по распитот во СЈО.
Во придружба на партискиот адвокат на ВМРО-ДПМНЕ Никола Додeвски, Мијалков ја напушти зградата и ги одбегна новинарите кои тргнаа по него, поставувајќи му повеќе прашања на кои тој не одговори.

НОВА го праша дали се чувствува виновен за случаите кои СЈО ги покрена против него, но тој не застана да даде изјава или коментар на ниту едно од прашањата кои ги довикуваа новинарите.

Мијалков за прв пат се појавува во СЈО, овој пат за да даде исказ за случајот „Тортура“ кој ова Обвинителство го покрена во врска со апсењето на лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошковски, ден по изборите во 2011 година.

Извор: НОВА

Фото: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e