(ВИДЕО) Николовски: Ова блокирање на Собранието е само за одбрана на криминалот, ги кочите реформите за коишто гласаа граѓаните

-Почитуван пратеник Вељаноски, сакам да ја изразам огромната разочараност од овој циркус на ВМРО-ДПМНЕ во овие неколку дена и од кршењето на деловникот од ваша страна на член 89. Тоа е во делот на репликите на цело ВМРО-ДПМНЕ и во делот на споменувањето на луѓе кои не се тука и кои неможат да одговорат на она кое што е поставено, рече Николовски.

-За жал, добро е македонската јавност да го слушне овој циркус како по нарачка на Сашо Мијалков и Никола Груевски се обидувате да ја заштитите нивната кожа, да го заштитите нивниот криминал, како се обидувате да го заштитите богатството од неколку милијарди евра изнесени надвор од Македонија. Како се обидувате да ја спречите правдата и функционирањето на институцијата од која најмногу се плашите, а тоа е Специјалното јавно обвинителство. Добро е тоа граѓаните да го слушнат и да го увидат, додаде пратеникот од СДСМ.

Тој, понатаму изајви дека ова блокирање на собранието се прави за да нема одговорност за прислушкувањето, за изборниот криминал, за провизиите од автопатишта, за провизиите од опремата во УБК, за парцелите на Водно, за криминалното Скопје 2014, но и заради разговорите околу името на државата.

Николовски, на крајот од репликата покажа сообраќајна дозвола која е издадена и на Албански јазик во Крива Паланка каде нема жители Албанци, а како што кажа, со години се издаваат дозволи и на Албански јазик, благодарение на законот донесен од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e