“Новата Влада на Зоран Заев ќе направи генерална ревизија на сите 7000 договори за тоа како е доделено државното земјоделско земјиште. Секаде каде што ке има незаконитости, ќе биде земено и ќе се додели на вистинските земјоделци. Никогаш повеќе земјоделците нема да се делат по партиска основа и земјоделското земјиште нема да се дели преку партиски општински комитети како до сега.”
Пратеникот и член на Извршниот Одбор на СДСМ, Љупчо Николовски гостин во емисијата „Што мисли народот“ на регионалната телевизија ТВ Стар од Штип.