Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски започна теренска кампања за промоција на сите мерки и јавни повици кои изминатиов период ги донесе министерството.
Теренската кампања започна од Свети Николе каде Николовски оствари неколку средби со земјоделци и директно ги информираше за мерките кои се во тек и ги повика максимално да ги искористат и да аплицираат на сите објавени повици.
Во рамките на посетата на Св. Николе, Николовски ја посети земјоделката Кристина, од село Сопот која ги сподели придобивките од мерката “Рурална жена”.
„Мерката „Рурална жена“ е голема поддршка на жените земјоделки, со која се помага при набавка на опрема за преработка на земјоделски производи. Зголемувањето на поддршката од 3000 на 6000 евра уште повеќе и помага на руралната жена. Затоа ве повикувам да аплицирате и да ја искористите оваа мерка.“, вели Кристина.
Николовски посочи дека со последниот јавен повик кој трае до 20.05.2022 двојно е зголемена финансиската поддршка од 3.000 на 6.000 евра.
„Аплицирајте, за што повеќе жени во земјоделството“, нагласи Николовски.