Според кривичниот законик во член 162 стои дека оној што ќе понуди поткуп и оној кој ќе се согласи и ќе го земе тој поткуп со цел да гласа за одредена политичка партија на одреден начин ќе се казни со казна затвор од најмалку 5 години.
Еве што вели законот:
- Тој што на лице со избирачко право му нуди, дава или ветува подарок или друга корист, со намера да го придобие да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право, ќе се казни со затвор најмалку пет години.
- Со казната од ставот 1 ќе се казни и лице со избирачко право кое ќе бара за себе подарок или друга корист или ќе прими подарок или друга корист, за да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право.
Првото видео е направено по завршувањето на последните парламентарни избори во 2014, кога до ЦИВИЛ стигна видео во кое гласач признава дека му било нудено и дадено одредена сума на пари за да гласа за партијата ВМРО – ДПМНЕ, но во тоа време МВР не беше заинтересирана да постапи по случајот.
Но сега ситуацијата е поинаква, и МВР веќе не е контролирано од истите луѓе кои беа на раководни позиции во тоа време. Имено се повеќе граѓани се охрабруват и ги пријавуваат ваквите случаи на изборни купувања на гласови па дури и ги снимаат со телефон оние кои пробуваат тоа да го направат. Таков е примерот што можете да го видите во второто видео, кога пред околу две недели излезе аудио снимка на која е сниман активист на ВМРО – ДПМНЕ како нуди поткуп во Прилеп. За делото МВР има поднесено кривична пријава и случајот е веќе во постапка на испитување.