(ВИДЕО) МВР молчи за случајот со Темелковски – поминува ли полициското наслилство неказнето?!

Од Mинистерството за внатрешни работи сè уште нема одговор дали е покрената истражна постапка за полицајците кои минатата недела физички малтретираа еден скопјанец, екс селекторот на македонската ракометна репрезентација, Илија Темелковски. Инцидентот се случи во петокот, на 7 април, кога побаравме и одговор од МВР. Но, освен ветувањето дека ќе добиеме објаснување, до сега нема ништо повеќе. Според Кривичниот законик, злоупотребата на униформата и малтретирањето луѓе во текот на работно време, се казнува со затвор од 1 до 5 години.

 Минатата година, Одделот за внатрешна контрола при МВР, има постапено по 60 од вкупно 62 поднесоци, во кои се наведува дека полициски службеници употребиле физичка сила врз граѓани. За 35 поднесоци е утврдено дека се неосновани. А само во три случаи е утврдено дека неоправдано е употребена физичка сила при што се преземени дисциплински мерки против полициските службеници, известуваат од Основното Обвинителство. За останатите 26 случаи немало доволни докази.

Во текот на 2015 година, Одделот за внатрешна контрола на МВР, постапувал по 62 од вкупните 71 поднесок за слични дела. Од оваа бројка, утврдено е дека 46 поднесоци се неосновани, а за 4 лица е покрената истражна постапка или е известено Основното обвинителство….Во петокот, двајца сообраќајни полицајци го запреа Илија Темелковски, го истуркаа зад автобусите на паркингот кај Скопски саем, и како што тврди тој, таму го малтретирале. Тој најави дека ќе покрене обвинение против полициските службеници, но до денеска, нема ништо ново поврзано со овој случај.

Извор: ТВ21

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e