(ВИДЕО) Милевски: Денес завршува ерата на груевизмот, започнува процесот на ослободување на заробената држава

– Денес на Македонија и нејзините граѓани им се отвараат можности за започнување едно ново општество, растеретено од партиски притисоци и уцени. Оваа шанса почитуван мандатар, сигурен сум дека ќе ја искористите и нема да ги разочарате граѓаните, како што не ги разочаравте струмичани во предходните три мандати како градоначалник на Струмица, рече Горан Милевски од ЛДП.

Тој исто така порача дека новата влада мора да го зголеми земјоделското производство и да го намали увозот на храна. Да престанат партиските делби за земјоделските земјишта и субвенциите да одат кај вистинските земјоделци.

– Љупчо Николовски со неговата енергија и посветеност, знам дека ќе ги направи вистинските реформи кои ќе го заживеат земјоделското производство. Знам дека ќе работи чесно и во интерес на земјоделците, знам дека ќе го расчисти криминалот и корупцијата во неговиот ресор, особено на неговите предходници, изјави Милевски во дел од неговото обраќање по повод изборот на новата Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e