Мијалков на главната маса беше со партискиот претседател и близок роднина Никола Груевски. Организаторите на балот тврдат дека доаѓа по петти пат и петти пат пак беше кум на манифестацијата.
Груевски поседел еден час на балот и си замина, а ова му беше 6-та последователна посета на балот, вели организаторот на балот Амди Бајрам кој не открива какви политички дискусии размениле на масата.
Годинешниот 38-ми ромски бал по ред помина без кралицата на ромска музика, Есма Реџепова. По минута молчење, во чест на починатата Есма, сите ромски пејачи заедно ја отпеаја нејзината Џелем Џелем.
Тоа било на почетокот на балот, а прославата завршила утрово во 5, објаснува пратеникот Амди Бајрам кој вели дека до доцна останал и кумот Сашо Мијалков. Оваа година на балот имало околу 1500-тини гости, од десетина европски и балкански држави.
Видео моменти од балот погледнете тука
Извор: Телма