(ВИДЕО) Мерцедесот од 600.000 евра – симбол на едно време, кога со пари на граѓаните се луксузираа функционерите

Денеска министерот Оливер Спасовски  го исполни ветувањето кое го даде првиот пат кога влезе како министер во МВР и го направи достапно  за јавноста и граѓаните , возилото „мерцедес С-класа 600” купено 2012 година од страна на  министерката Гордана Јанкулоска за личните потребите на тогашниот премиер Никола Груевски.

18921974_1977133682518344_6546972765259724235_n

За блиндираниот мерцедес беа потрошени 600. 000  евра од буџетот , пари од граѓаните на Република Македонија, во постапка во која се фингираше транспарентност, и веднаш беше сокриено од очите на јавноста во гаражата во Владата на Република Македонија.

Возилото има поминато 57. ооо км,  делумно е технички амортизирано и поради тие причини во моментот не може да ја врши својата безбедносна функција.

Ова  возило е симбол на едно време, како со пари на граѓаните се луксузираа функционерите додека полицајците немаа основни средства за работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e