Одговори на новинарски прашања
Медиуми: Што очекувате од управниот суд дали да ја прифати тужбата на ВМРО ДПМНЕ или пак да ја отфрли и дали доколку евентуално ја прифати тужбата на ВМРО, Вие ќе ги признаете изборните резултати?
Манчевски: Очекуваме од Управниот суд да одлучува според Закон. Ни по нивно, ни по наше. Онака како што требало да одлучува и во минатото. Само и единствено по Закон.
Медиуми: Ваш коментар за составот на Советот на судиите кој вчера расправаше?
Манчевски: Не е составот на тој Совет, туку целиот состав на Управниот суд е еден од нотираните проблеми во бројните меѓународни извештаи во Македонија, но тоа е тоа. Судските реформи ќе следуваат по промената на Власта, кога ќе спроведеме целосен реизбор на сите судии во Македонија.