(ВИДЕО) Малата Сенија – последната жртва на сообраќајниот хаос на булеварот Цветан Димов во Чаир

Семејството Љуфиу ја испрати малата Сенија, засекогаш. Таа е последната  жртва на сообраќајниот хаос на булеварот Цветан Димов во Чаир.  24 часа по фаталната несреќа, жителите од околината се чини не ги менуваат навиките, ја поминуваат фреквентната улица  каде ќе стигнат, пренесува ТВ21.

 Стотина метри понатаму има железен мост, поставен со цел да се избегнат несречи при преминување на пешаците. Но ретко кој го користи.

По еден час барање, малата бетонска површина, со еден кош, е единственото место на кое наидовме каде што можат да си играат децата од населбата Серава.

Сенија ја нема веќе, возачот го чека судење, а жителите од околните населби ќе треба да се прилагодат на условите во сообраќајот , односно да се снаоѓаат низ сообраќајната џунгла на главните улици во Чаир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e