(ВИДЕО) Ќе биде ли извештајот на Прибе лектира за владата на Заев?

Името на Рајхард Прибе е најспоменувано во последните две и пол години. Во  скенот што го направи Рајхард Прибе и експертите предводени од него – се колнеа сите, но речиси никој не спроведе ништо од неговите препораки. Колку тоа се промени со новите министри или, пак, и тие ќе го следат теркот на нивните претходници?
Дека препораките на германскиот експерт ќе бидат Библија за новата Влада уште во првото премисерско обраќање порача Зоран Заев. Тој тврди дека извештајот на Прибе ќе биде задолжителна лектира на новата Влада.
„Јас сум убеден, ако навистина со добар динамичен план, сите заедно посветени, притоа не запоставувајќи го економскиот квалитет на животот на граѓаните, можеме за некоја година и пол до две да стигнеме и да кажеме дека Прибе извештајот е исполнет во Македонија“ – изјави Заев.

Извор: ТВ 24

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e