Новиот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски во ексклузивно интервју за телевизија 24 ја призна автентичноста на бомбите каде што се појавува неговиот глас. Мојот разговор со Јанакиевски е веродостоен вели Вангеловски. Најави коректен пристап во соработката со Катица Јанева. Прашан за кумството со Трајко Велјановски – Вангеловски вели можам и вам да ви бидам кум ако сакате – важна е професионалноста.