Припадниците на Министерството за внатрешни работи со години не добиваат додаток на личниот доход од 20 отсто кој ги следува со колективниот договор како и зголемувањето на доходот од 30 отсто за кое добиле решение од Гордана Јанкулоска во 2008 година, пренесе а1он.мк
-Активно работев 30 години во Министерството за внатрешни работи каде што од 2000-та година сум припадник на посебните полициски едници. Се до моето пензионирање на 11 септември 2015 година никаде немаше додаток на личниот доход од 20 отсто што следува со колективен договор и кое е истакнато во службен весник, вели пензонираниот полицаец Панче Крстев.
-Најмногу ми падна тешко и криво кога екс министерката Гордана Јанкулоска, кога беа немирите по автобусите рече припадниците на Министерството за внатрешни работи да ги остават службените возила и да ги користат средствата за јавен превоз за што повеќе да се движат униформирани полицајци како што би се намалило насилството и меѓуетничките тензии. Тоа ние го прифативме, а воедно добивме наредба од сегашниот директор на Бирото за јавна безбедност писмена наредба која мораше да ја потпишеме дека мораме во превозот да вадиме билет без разлика дали сме биле на должност или не при што од страна на превозот сме доста оштетени, рече Крстев.
извор: а1он.мк
За поврзани вести продолжете надолу