Во денешната изјава за новинарите, специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, изрази задоволство што надлежноста на СЈО ќе се прошири и најави дека наскоро би можело да се очекуваат и други крупни предмети.
Јанева нагласи дека Обвинителството што го раководи ќе продолжи да работи со истата динамика и во иднина, додавајќи дека следната недела ќе го претстави извештајот за работата на ова судско тело.
