(ВИДЕО) Груевски живее во хотел, ама ќе добие и стан во Будимпешта

Чека стан, но засега се уште живее во хотел во Будимпешта. Според неофицијални информации од истрагата, поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија престојува во еден хотел и таму е откако отиде и доби статус на бегалец. Сепак се тврди дека наскоро ќе има детали од истрагата па ќе се знае точно како се случило бегството и кој евентуално би бил одговорен за тоа.

Груевски беше забележан од медиумите во Будимпешта како шета низ градот, а дополнително се појави и снимка како има ручек во еден ресторан.

Тој во последно време не се огласил на Фејсбук иако со две објави прво пријави дека е таму, а после и дека добил азил од унгарската држава.

Груевски е во Унгарија од 13 ноември, а објавата дека добил азил е од 20 ноември. Овде во Скопје се неговата мајка, сопругата и две малолетни деца.

Истрагата има детали како се подготвувало бегството. Според нивни информации можеби се поставувани и мамки, па биле изнајмени и станови во Солун, ама за тоа нема официјална потврда.

Извор: Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e