(ВИДЕО) Груевски пречекан со аплауз во филхармонија, не одговори дали ќе се повлече од лидерската позиција

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски беше пречекан со аплауз на отварањето на филхармонијата, откако доцнеше 30 минути. Настапот на музичарите не започна до неговото влегување, а министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска не влезе додека не се појави лидерот на нејзината партија.

Груевски за медиумите не сакаше да одговори дали ќе се повлече од лидерската позиција во партијата, а само кратко одговори дека купил карти за да влезе на настанот иако ниту тој ниту неговата сопруга не покажаа билети на влез во салата.

Извор: А1он

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e