(ВИДЕО) Говор на Груевски на албански јазик

По социјалните мрежи кружи видео објавено уште во 2012 година а на кое се гледа како тогашниот премиер Никола Груевски се обраќа на албански јазик.

Самиот Груевски актуелната изборна кампања ја започна со напади врз Зоран Заев за наводна двојазичност а всушност во времето токму на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ беше изгласана амнестија за хашките случаи меѓу кои спаѓаат оној за командната одговорност на ОНА, затворањето на Липковската брана, киднапирањето цивили од кичевско-тетовскиот регион и малтретирањето на мавровските работници.

Во владата на Груевски за прв пат во независна Македонија, на министерската фотеља во ресорот одбрана седна поранешен командант на УЧК, Талат Џафери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e