“Ние имаме украдена држава од една група која што се инсталира како мафија. Немаме компетентни институции туку заробени институции кои што се сведуваат на поединечната волја. Нашата криза од тука произлегува, ние треба тоа зло да го победиме. Од Македонија бегаат македонци, албанци, турци, роми, сите бегаат од државата. Целиот овој регион се празни а ние сме дефинитивно најлошиот случај и нам навистина ни се заканува распаѓање на државата” – рече екс гувернерот на Народната банка, Петар Гошев, во вчерашното гостување на ТВ 24 во емисијата “Отворено”.