Очигледна е блискоста на фирмата на Кочан со минатата влада. Јавно достапните информации покажуваат дека неговата компанија за време на владата на ВМРО-ДПМНЕ добиваше милионски тендери за ископ на руда, изградба на објекти, патишта, менување на фасади.
Освен во градежниот сектор, тој се прошири и во медиумскиот бизнис, отварајки ја телевизијата НОВА во 2015 година. Сепак најголемите пари ги вртеше со семејната компанија Трансмет, основана од неговиот татко во 1992 година. Трансмет е партнер на кинеската Синохидро која го гради автопатот Кичево-Охрид за сума од 374 милиони евра.
Само за ископ на јаглен, од два договори на сметката на Трансмет легнале 57 милиони евра.
Фирмата Трансмет склучи договор во четири очи, за санација на обиколницата вреден 2,6 милиони евра, кој е најголем договор лани, склучен без објавен јавен тендер.
Извор: Телма