(ВИДЕО) Ѓулистана Марковска за Макфакс: Груевски сам да си замине за доброто на партијата

Ѓулистана Марковска, долгогодишен пасивен член на ВМРО-ДПМНЕ и поранешна пратеничка во интервјуто за „Макфакс“,вели дека и потребна нова сила и реорганизација на партијата, за да се врати на стариот идеолошки пат за која што е формирана.


„Долго време лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски не ја води партијата на тој пат, но  не сум сигурна дали тој е свесен за тоа.

Сметам дека луѓето што се околу него не му ја претставуваат вистинската реалност. Според мене, подобро е сам да ја напуштиш оваа функција, отколку после да биде доцна за целата партија.Затоа што ако нардот ве сака пак може да се вратите, а тоа според мене е чесно“, вели Марковска.

Таа не беше децидна дали постои можност за враќање на старото членство, иако за себе рече дека секогаш идеолошки припаѓала на оваа партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e