(ВИДЕО) Функционери на СДСМ во Арачиново – разговарале со жителите за секојдневните маки и проблеми

Високи партиски  функционери на СДСМ беа во Арачиново каде на последните избори на 11 декември ги победија другите партии на Албанците во македонија. Генералниот секретар на партијата, Оливер Спасовски не сакаше да ја коментира причината за денешната посета, ниту пак други прашања поврзани со евентуалните разговори за составување влада. Арачиновци кои ги дочекаа претставниците на СДСМ велат дека разговарале за секојдневни проблеми во селото. – објави ТВ 21.

На изборите на 11 декември, коалицијата предводена од СДСМ во општина Арачиново доби повеќе гласови од останатите партии, односно вкупно 2040. Пратеникот од редовите на оваа партија, Мухамед Зеќири истакна дека СДСМ нема да ги разочара Албанците. 

СДСМ можеби зборува со Арачиновци за секојдневните потреби на жителите, но и денеска остана без коментар во врска со содржината на заедничката платформа на партиите на Албанците во македонија, обелоденета пред девет дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e