Пред два дена јавноста и медиумите и официјално ја имаа честа да го ѕирнат, да го допрат и да се „запознаат“ со фамозниот мерцедес од 600 000 евра кој сакал или не, на крај, екс премиерот Никола Груевски призна дека го купил, но не како што се тврдеше за тој да се вози во него, туку за странски гости.
Очигледно тој што бараше луксузен автомобил со климатизер на секое седиште, масажери, сараунди, и телевизори, не претпоставувал дека можеби еден ден истиот тој фантазиски автомобил ќе заврши во некоја гаража со мачкини стапки врз него, запуштен и неодржуван. При прикажувањето пред јавноста, министерот Спасовски рече дека Мерцедесот неколкупати возел на релација Пробиштип-Скопје, но не сакаше да открие дали бил користен од доскорешниот технички премиер Емил Димитриев или, пак, од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Најмногу што боли е тоа што полицајците во Република Македонија немаат униформи, немаат возила да ги извршуваат своите работи, меѓутоа ова министерство имаше храброст да купи возило од 600 илјади евра за тогашниот нивен премиер, Никола Груевски, по специјална нарачка – со сараунд систем, клима, монитори на задните седишта итн“, изјави Спасовски.
Целиот текст на Фактор прочитајте го тука