Граѓаните го осудија чинот на симнување на македонското и кревањето на албанското знаме во Куманово. Некои се сомневаат дека станува збор за политички мотивиран настан. Грѓаните кои ги анкетираше Алсат-М им порачаа на соседите и сограѓаните да избегнуваат чекори кои можат негативно да влијаат на меѓуетничките односи.
“Да, овде виновни се Груевски и Ахмети, тие го направија ова, момците не се виновни, млади се, нема коментар, виновни се Груевски и Ахмети, еднаш за Дива населба, сега за знамето.”
“Треба да се избегнуваат инциденти, немаме време за инциденти, треба да се фокусираме на Европска унија и да се движиме напред”
“Ова што се случи не е во ред, немам коментар!” – велат дел од граѓаните
Експертот за безбедност Владимир Пивоваров, исто така мисли дека инцидентот има политичка позадина. Вели дека политичката криза не треба да се претвори во меѓуетничка, иако според него, граѓаните се веќе свесни и лесно не се манипулираат.
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против две млади лица од селото Слупчане кои вчера во центарот на Куманово го симнаа македонското знаме а го подигнаа албанското.