Деновиве, стана актуелна истрагата на СЈО за Антонио Милошоски, односно поднесените барања до Министерството за транспорт и врски и Управата за цивилно воздухопловство, за да се утврди дали пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ има авион или користел (изнајмени) авиони во периодот 2008-2015 година.
И-портал дојде до акаунт на Ју Тјуб со името Miloshoski Tube, на кој се поставени видеа со разни активности токму на пратеникот Милошоски.
На првото видео кое датира од 26 јануари 2012 г. и е наречено: “Скок со падобран – Милошоски/ Parachuting Macedonian in Serbia”, може да се види како вмровскиот пратеник го изведува својот прв скок со падобран од воздухоплов на аеродромот „Давидовац”, Параќин во Србија.
И вториот скок со падобран, Милошоски го реализирал на истиот аеродром во Србија.
Но апетитите на вмровскиот пратеник не застанале тука. Тој за да доживее поголем адреналин, заминал во Белорусија на Александар Лукашенко, земја позната по тоа што од ЕУ во 2015г и беа одредени санкции поради режимскиот однос кон граѓаните, граѓанското општество, медиумите и опозицијата.
Милошоски тука неуспева навреме да се запише во листингот за скок со падобран, па затоа се задоволува со 25-минутен лет со мал авион.
Колку го чинело пратеникот сето ова задоволство засега останува непознато.