Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи пред почетокот на Централното претседателство во Мала Речица најави дека две точки се на дневен ред и тоа излегување на сите функционери од техничката влада како и локалните избори, пренесе А1он.
-Одредени аргументи се дека и при оставка, министрите треба да останат на должноста до новата влада, но и дека ќе се деблокира состојбата.
Втората точка се локалните избори, според Уставот мандатот на градоначалниците се 4 години, следната недела настапуваат точно 4 години и ќе настане правен вакуум. ДУИ разгледува што со градоначалниците во тој правен вакуум како и да се разгледаат кои се кандидатите за наредните избори, рече Османи.
ДУИ има повеќе од една третина министри во владата, оставката на една третина е паѓање на влада, но и паѓање на влада значи останување до нова влада, рече Османи.
Тој кажа дека ДУИ не сака нови избори, ги разгледува само сите опции кои експертите ги укажуваат дека се можни за деблокада на политичката состојба.
Видео – А1он