Директорот на прилепската гимназија Мирче Ацев, Кирил Николоски ги убедува учениците да се активираат во протестите зошто ќе се воведела двојазичност, менување на химна, менување на знамето и воведување албански монети. Учениците овој политички говор на директорот го снимале со телефон и го објавиле на социјалните мрежи. На крајот од видеото се слуша како една ученичка му се обраќа на директорот со зборовите – „Директоре, уште поголема срамота е во образовна институција вие да ни држите политички говори. Толку од нас. До гледање“!