(ВИДЕО) Дали Македонија е под закана од ИСИС? МВР не кажува детали ама ЈСП е на готовс?!

Дали ИСИС и се заканува на Македонија и постои ли опасност од терористички напади во земјата? На ова прашање конкретен одговор не дава Министерството за внатрешни работи, иако вчера соопшти дека успешно се спречени терористички акции или можни напади, а Американската амбасада во Скопје на својата веб страница предупреди на зголемен ризик од терористички напади инспирирани од екстремистички идеологии. Во отсуство на официјални детали од државните безбедносни структури, за Телевизија 24 ЈСП потврди дека е подигнато нивото на безбедност во јавниот превоз.

„ЈСП Скопје од вчера е во координација со МВР ги презеде сите неопходни мерки за претпазливост и зголемена безбедност во одвивањето на јавниот превоз. Возачите и контролорите постапуваат соодветно, согласно мерките за зголемена безбедност во вакви ситуации, истото се однесува и на ноќните служби ангажирани на ноќните линии, соопшти ЈСП.

Зголемена безбедност е подигната и во двете бази, односно гаражи на ЈСП (Автокоманда и Ѓорче Петров). Полицијата извршила претреси на неколку локации низ државата при што се одземени предмети и уреди кои се поврзани со можен напад на терористичката организација ИСИС.

„МВР спроведе оперативно-тактички мерки со цел идентификација на можните организатори, логистичари и потенцијалните извршители на нападот. Со цел попречување на терористичкиот напад и остварување на превентивната функција, Министерството за внатрешни работи изготви план на мерки и активности, за што обезбеди соодветни наредби за нивно спроведување.

Владата одлучи да не го коментира случајот. МВР не кажува кога биле направени претресите и дали има приведени лица. Има ли простор за паника и што да прават граѓаните во една ваква ситуација, МВР не дава насоки. Но, затоа пак, насоки на своите државјани во Македонија даде Американската амбасада во Скопје. Ги предупреди да бидат дополнително внимателни на локации каде се собира повеќе народ, како трговски центри и пазари, аеродроми, ресторани, религиозни објекти, училишта, паркови, спортски натпревари, политички митинзи.

„Терористичките организации и индивидуалци инспирирани од екстремистички идеологии се решени да напаѓаат цивили, вклучувајќи американски државјани во странство. Терористите сè почесто користат помалку софистицирани методи да нападнат толпи на јавни места, вклучувајќи пиштоли, возила и остри орудија“, се вели во соопштението на Амбасадата на САД.

173 Македонци се на листата соминителни за финансирање на тероризам. Нивните сметки секојдневно се контролираат од Управата за финансиско разузнавање. Дали деновиве се забалежани одредени сомнителни транскации, од Управата не даваат информации. Велат дека тие податоци се од доверлив карактер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e