(ВИДЕО) Чавков лажеше дека системот во УБК е во сопственост на операторот?! Ериксон демантираше

На ноќната прес конференција минатата недела директорот на БЈБ Митко Чавков, заедно со дополнителниот заменик министер Оливер Андонов и директорот на УБК, Владимир Атанасовски, ја убедуваа јавноста дека СЈО и Катица Јанева манипулираат и ја загрозуваат безбедноста на државата.

Тие убедуваа дека податоците кои СЈО ги бара со судска наредба не можат да ги обезбедат, бидејќи системот за следење на комуникациите не е во сопственост на УБК и потребно е да дојде претставник од производителот „Ериксон“ за да ги извади податоците. – пишува Либертас.

Еве што кажа Чавков таа вечер.

– Навистина сакаат да создадат перцепција дека некој во УБК ги опструира, а од системот самите сфатија дека не може да ги извадат податоците, односно да направат експорт на податоци. Тој систем не е сопственост на МВР, на УБК, сопственост е на операторот и само овластено лице од него може да пристапи до тој систем. Се уверија во тоа и испратиле писмо до операторот за да добие овластување нивниот претставник во Македонија – рече Чавков.

Сепак, вчера од „Ериксон“ реагираа и соопштија дека тие не се сопственици на системот.

„Ериксон потврдува дека на 19-ти октомври 2016 година доби барање од Специјалното Јавно Обвинителство , по судска наредба од Основниот суд Скопје 1 во Скопје, за техничка асистенција заради истрага и во врска со функционалноста на законското пресретнување на комуникации. За понатамошни информации поврзани со оваа истрага, Ериксон Ве упатува на Специјалното Јавно Обвинителство за овој случај.

Законското пресретнување на комуникации е задолжителна и стандардна функционалност во мрежите на јавната телефонија и телеком операторите и земјите во светот се обврзани да овозможат таква функционалност за локалните власти. Ериксон, како производител на телефонски системи и опрема, исто така, е производител на системи за законско пресретнување.

Ериксон не е сопственик на опремата, ниту оперира со опремата за законско пресретнување на комуникациите“, пишува во вчерашното соопштение.

По ова Чавков мора да и даде одговор на јавноста дали лажел или не знаел за што зборува.

Што прави вашето милениче додека вие спиете? Најдобриот избор на фотографии!Што прави вашето милениче додека вие спиете? Најдобриот избор на фотографии! Што прави мачоров?! Не може ни да си замислите што прави…Што прави мачоров?! Не може ни да си замислите што прави… Добијте премиум сообраќај на сите уреди со AdnowДобијте премиум сообраќај на сите уреди со Adnow Adnow води во препораката на содржини што содржат големи иновацииAdnow води во препораката на содржини што содржат големи иновации

Извор: Либертас

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e