(ВИДЕО) Бужаровска-Лажетиќ: Врховен го урниса судскиот систем со укинувањето на притворот за Сеад Кочан

Авторката на ЗКП, Бужаровска-Лажетиќ: Врховен го урниса судскиот систем со укинувањето на притворот за Кочан.

Стручната јавност со неверување ја прими веста дека кривичниот совет на Врховниот суд, предводен од претседателот Јово Вангеловски, со надгласување го прифатил барањето за заштита на законитоста поднесено од редовното обвинителство на Марко Зврлевски и го укинал притворот за Сеад Кочан.

Одлуката на врховните судии нема врска со законитоста, за “360 степени” коментира универзитетската професорка, Гордана Бужаровска-Лажетиќ, која е една од авторките на Законот за кривична постапка.

Според неа, за судиите што ја донесоа одлуката не само што треба да се отвори постапка за разрешување туку треба да се побара и кривична одговорност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e