Не се чувствувам виновен, напротив се чувствувам гордо на искористувањето на моето право на јавен протест, истакна Павле Богоевски кој е обвинет за учество во толпа што ќе стори кривично дело поради боењето на фасадата на Министерството за култура, пренесе 24 Вести.
На денешното рочиште обвинителот во предметот го допрецизираше обвинението и пријави штета од околку 7 илјади евра.
Одбраната најави дека нарачале и свое вештачење во однос на сите факти и висината на штетата, кое ќе го достави до судот кога ќе го добијат.
Протестите на Шарената револуција, кои се манифестираа со боење на фасадите на повеќе објекти на институциите, се случија по донесувањето на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување на 56 политичари и нивни соработници.