Пратеникот од СДСМ, Стефан Богоев го прочита членот 78 став 2 од Деловникот кој предвидува измена на точките од дневниот ред.
– Не е ваша работа да дофрлате, должност ви е да го почитувате Деловникот, ако не сте способен заминете од местото, му рече Богоев на Трајко Вељаноски.
Вељаноски одговори дека тој е должен да објаснува и да дава одговор. Според него, во точката во која пишува дека дневниот ред може да се менува во тек на седницата значело менување на почетокот, а членот не бил убаво појаснет.
Извор: А1он