(ВИДЕО) Бибер: Македонија не е соочена со меѓуетнички, туку со демократски проблем

„ВМРО-ДПМНЕ предизвикува тензии и ги „етнифицира“ за да се спаси елитата која е на чело на оваа партија. Македонија нема проблем со меѓуетничките односи, туку со демократијата и тоа им е јасно и на ЕУ и на Западот“, смета директорот на Центарот за студии за Југоисточна Европа при Универзитетот во Грац, Флоријан Бибер. Тој за 360° ги анализираше актуелните случувања во Македонија. Во емисијата, со свој став од Конвенцијата на Прогресивната Алијанса во Берлин ја вклучивме и заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, која разговарала со своите колеги од Партијата на Европските социјалисти за проблемите со кои се соочува Македонија.
„Секој што е избран од граѓаните и раководи со инстутуциите наместо да зборува за напад врз Уставот, треба да го брани и да го почитува Уставот“ е коментарот на заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска на изјавата на Претседателот на Република Македонија, дека се уште не се отстранети пречките за тој да му го довери мандатот на Зоран Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e