Вечерва општинската организација на СДСМ од Крива Паланка го организираше традиционалниот предновогодишен коктел на кој беа поканети и присуствува како што велат храбри слободоумни борци, граѓани кои помогнаа во битката за соборување на оваа ненародна власт.
На коктелот исто така беа присутни и Љупчо Николовски, Генералниот секретар Оливер Спасовски и Благојче Бочварски, и тројцата ново избрани пратеници од редовите на СДСМ и коалицијата. Социјалдемократите од Крива Паланка во преполната сала на Етно гостилница Воденица 3 најавија дека во многу скоро време преку имплементирање на мерките од програмата граѓаните ќе ги почувствуваат бенефитите за подобар живот во Македонија.
На почетокот на коктелот беше емитувано видео од активностите на СДСМ Крива Паланка од последните неколку години кои го одбележува целиот период од борбата за слободата која сега како што велат е веќе постигната.