(ВИДЕО) Арачиновци: Маката, а не оџите не тераше да гласаме за СДСМ

Бура од реакции предизвика изјавата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски во интервјуто за ТВ Нова дека на изборите се влијаело врз оџите да го тераат албанското население да гласа за СДСМ, објави ТВ 24.

Претставници на верски одбори но и оџи кои ги контактиравме му порачаа на Груевски да не шири лаги и невистини. Мемети Рајф кој е од верскиот одбор на Џамијата Центатр во Арачиново вели дека во селото и свештените лица и граѓаните гласале по сопствена воља а изјавата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ ја отфрли како целосно неточна.

„Груевски нема да го спаси ниту оџа, ниту пол, тоа што го кажува нема врска со гласањето“. Ние не сме деца, па некој да не тера да гласаме. Ние гласавме по наше убедување – вели Рајф Мемети, член на верски одбор во Џамијата Центар Арачиново.

Дел од мештаните на Арачиново за ТВ 24 потврдуваат дека никој не ги терал да гласаат, и дека своето мислење на изборите го изнеле по сопствено убедување но и поради незадоволството од политиките на досегашната влада.

Изјавата која предизвика негодување кај дел од албанското население Груевски ја даде во интервју за ТВ Нова правејќи резиме за тоа како албанските гласови завршиле кај СДСМ обвинувајќи дека тоа е однапред договорено сценарио во кое биле вклучени и верски водичи.

„Кај некои Албанци проработеа емоциите и почнаа да гласаат за нивните лаги. Како резултат добија албански гласови, можеби 10 000 гласови се руго беше изработено теренски од оџа до оџа“ – изјави Груевски.

Груевски во интервјуто покрај тоа што дел од албанските гласачи ги стави во група на изманипулирани граѓани исто така посочи дека како што рече самиот сега е модерен Албанците да бидат против него и неговата партија.

Извор: ТВ 24

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e