(ВИДЕО) Анализа на „360°: Какви се индиректните последици по здравјето на граѓаните од ковид-19? Колку од прегледите и контролите за други болести се откажани?

Македонка и Мисрете веќе неколку години се пациентки на Клиниката за онкологија откако имале успешни операции. Македонка е од Велес и изминатиот период активно е посветена на помош и поддршка на други пациенти со карцином.

Болеста ѝ е таква што мора постојано да се грижи и за своето здравје со редовни контролни прегледи. Но, поради епидемијата на ковид-19, не може да го направи препорачаниот ехо-преглед.

„На пет-скенот крајниот наод ми е дека треба да правам ехо на дојка, а термин нема. Значи, овој месец нема, во јули ќе видиме дали ќе има. Нашата дијагноза многу зависи од тие контролни прегледи. Не можеме ние да чекаме. Јас можам да пролонгирам недела или две, ама не 2-3 месеци. Требаше во март да правам контролни прегледи на ехо, сега веќе е јуни, јас ги немам направено. Три месеци кај болен од карцином е многу“ вели Македонка Икономова-Давчева од групата за помош на пациенти со карцином „Љубов сме“ за „360 степени“.

Мисрете од Куманово дошла во Скопје за да ги провери тумор-маркерите, но и за гинеколошки прегледи кои не успеала да ги закаже преку „Мој термин“.

„Јас правам на 6 месеци редовни контроли. Ехо-прегледите ќе ги правам приватно.– Не можете да чекате?„Тоа ми е на психичка база. Може да се пролонгира, но јас не сакам. Кој има услови на приватно, но би сакала и тука да се створат услови да се прават прегледите што се редовни на 6 месеци, зашто ние сме ризична категорија на луѓе“, – вели Мисрете Едипи од групата за помош на пациенти со карцином „Љубов сме“
Активистките на неформалната организација „Љубов сме“ се задоволни што успеале да издејствуваат барем терапијата со таблети да се доставува до домовите на пациентите, наместо да доаѓаат до Клиниката за онкологија каде што ќе мора да внимаваат на одржување дистанца и мешање со други болни. Од големо значење, велат, е и тоа што Клиниката непречено функционира за пациентите кои се на зрачење и хемотерапија.

„Ние работиме цело време, и зрачење и радиотерапија, но направивме некои измени со зрачењето. Амбулантските пациенти кои доаѓаат секојдневно и не лежат кај нас, не се мешаат со пациентите кои лежат, значи не се мешаа овие три месеци. Исто така, беше забрането било каква посета на пациенти.“вели Нино Васев, директор на Клиниката за онкологија.
Васев се согласува дека пациентите со карцином не можат да ги пролонгираат прегледите на долг рок и очекува веќе од 15 јуни да почнат со редовни прегледи.

„Значи, снимањата за суспектни со малигни болести не треба да се одлагаат, апсолутно не треба. И тука би ги потсетил колегите, јас ги сфаќам дека беа загрозени со пациенти во директно снимање, но и ние директно ги зрачиме пациентите. Нашите сестри дневно даваат по 300 хемотерапии исто во директен контакт. Така што, сликањето за мамографија треба да се одржува редовно, ехото на дојка исто може малку да се одложи, но не многу“ додава Васев.
Меѓу првите што алармираат за опасноста од ненавремени прегледи и интервенции се лекарите во примарното здравство. Претседателката на здружението на матични лекари, Лилија Чолакова-Дервишова вели дека кај нив е намален бројот на дневни прегледи бидејќи пациентите се плашат од можна зараза. Но, од друга страна, постои опасност од влошување на здравствената состојба кај најризичните категории.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e