Во оваа ситуација во која сме треба што поскоро да се формира политичка Влада и претседателот Ѓорѓе Иванов да го довери мандатот, порача во интервју за Фактор 24 претседателот на МАНУ, акад. Таки Фити.
„Кризата е многу сериозна, таа може да го загрози опстанокот на државата. Се работи за длабока политичка и општествена криза. Граѓаните сè повеќе се поделени и се враќа стравот кај луѓето. За МАНУ два приоритети се важни – мирна разврска, дијалог во институциите и што побрзо формирање на политичка Влада“- оцени акад. Фити.