(ВИДЕО) Ахмети за ТВ21: Утре средба СДСМ-ДУИ, Владата ќе се формира наскоро

Откако Зоран Заев го доби мандатот од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, почнаа да течат преговорите за состав на нова влада.

Според информациите, преговорите влегуваат во сериозна фаза.

Од СДСМ велат за десетина дена ќе биде постигнат договор со коалициските партнери околу распределбата на министерските позиции.

Оптимист е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, додека Движењето Беса сака да биде дел од новата реформска влада, но бара гаранции и рокови за исполнување на обврските кои ќе бидат дел од владината програма.

Лидерот Биљал Касами во гостувањето во дебатниот магазин Клик Плус порача дека тие се во комотна позиција дури и ако решат да не бидат дел од новата влада:

„Тоа што имало неколку јавни изјави дека некои политички партии имаат коалициски договор, и дека сега веќе се одредени владините сектори, во разговорот што го имавме со мандатарот Зоран Заев, тој рече дека  ништо од тоа не е вистина“.

Касами уште еднаш го повтори ставот дека не сакаат да бидат во ист владин кабинет со лица кои се под истрага на СЈО.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, за ТВ21 рече дека очекува преговорите со СДСМ да завршат многу брзо:

-Се уште нема преговори. Утре ќе се одржи средбата меѓу ДУИ и СДСМ.

ТВ21: Дали мислите дека ќе завршите брзо со преговорите?

-Верувам дека ќе се одвиваат добро.

Од партијата ДР-ДПА велат дека фокусот на преговорите ќе бидат барањата на албанските гласачи, а не функциите во новата влада. Приоритет на оваа партија е функционирање на правната држава, законот за албанскиот јазик и еднаков регионален развој.

Зоран Заев, претседателот на СДСМ, преговорите за формирањето на владата ги започна вчера веднаш по добивањето на мандатот. Тој денеска имаше средба со потесното раководство на партијата, а утре се очекува да се сретне со Ахмети.

Од СДСМ се убедени дека преговорите ќе завршат за десетина дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e