40 текстилни работнички од Штип и официјално пријавиле кршење на работничките права. На сите нив, им дошло преку глава, па за секојдневните проблеми и притисоци на работа, се јавиле во невладината „ЕХО“, објави ТВ Стар.
Оттаму тие побарале и добиле бесплатна правна помош, а повеќето пријави се однесуваат на добро познатите проблеми:
Бројката на пријави е речиси двојно поголема од претходните години, што значи дека работничките се повеќе се охабруваат да ги бараат своите права, а некои од нив тоа не го прават за прв пат:
Голем дел од нив постојано пријавуваат, дефинитивно расте свеста, зашто се охрабруваат, изјави Бети Пеева, рак. на НВО „ЕХО“ – Штип.
Но, освен текстилните работнички, постојат и други ранливи групи чии права се кршат или се дисриминирани во општеството. За нивна заштата, невладината „ЕХО“, заедно со повеќе организации и институции работат на Македонска платформа за социјална инклузија.
Сепак, дали и колку таа ќе помогне во надминување на проблемите во пракса, ќе покаже нејзината имплементација.