Посвоените деца во Македонија се организираат во иницијатива со која бараат законски измени за да имаат пристап до информациите за своето биолошко потекло. Актуелното законско решение го забранува тоа. Нивните главни аргументи се дека со сегашната легислатива постои ризик од инцест и од опасност по здравјето со непознавање на семејните болести. Какви се споредбените искуства во Европа – темата ја истражуваше Зоран Јованоски.