Прашањето за употребата на албанскиот јазик е тема што во моментов го моделира текот на политичкиот процес.
Договор за ова прашање е услов за ДУИ да ги даде потписите на 10-темина пратеници за Зоран Заев да го добие мандатот за формирање влада. Непотврдени информации велат дека СДСМ и ДУИ имаат напредок во усогласувањето на конкретните точки и дека преговорите продолжуваат.
Во очекување на финалниот исход, го отвораме ова прашање низ призмата на актуелната правна рамка, степенот на нејзината досегашна примена, можностите за унапредување, но и политичката злоупотреба.