(ВИДЕО) 360°: По мини-извештаите на ЕК сите очи вперени кон Холандија и кон Данска

Како што најави еврокомесарот Оливер Вархеји, мини-извештаите што денеска ги усвои и објави Европската комисија за Северна Македонија и за Албанија се фактографски и на само неколку страници. За земјава – на само шест.

Дали ќе се исполни и вториот дел од изјавата на Вархеји од Прага – дека со ваков пристап земјите членки тешко ќе можат да им противречат на наодите во извештаите и потврдените препораки за почеток на преговори, ќе треба да се почека до заседанијата на Советот на Европската Унија кон крајот на март. Сепак, првиот тест за извештаите, особено за оној за Албанија, ќе биде многу порано – на 17 март, кога за ова прашање ќе дебатира Комисијата за европски прашања на холандскиот парламент, во присуство на шефот на холандската дипломатија Стеф Блок, пишува 360 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e