(ВИДЕО) 360°: Платформата го „потона“ Титаник

Никола Груевски е еден од 17-темина новоосомничени во случајот Титаник, во кој СЈО води истрага за злосторничко здружување заради криминализација на изборните процеси во минатото со цел останување на една партија на власт. Но, иако станува збор за сомневања за кривични дела од човекот со најдолг премиерски стаж во Македонија, јавноста се „засити “од веста за само два дена. Причината е доминацијата на другите политички теми. „360 Степени“ го реактуализира прашањето кое е во сржта на кризата во Македонија – до каде е СЈО, уште колку време има за поднесување обвиненија, колку одолговлекувањето на процесите е токму игра против СЈО, дали е можно процесот за враќање на правдата да се врати високо на агендата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e