Насилството и неприфатеноста на луѓето со различна сексуална ориентација е причината за се почесто иселување на овие лица од Македонија, но и за отворање т.н. сигурна куќа, засолниште за оние што се соочуваат со проблеми во секојдневието. И повторно со донација од надвор. Видете ги животните приказни на неколкумина членови на оваа заедница, кои отворено зборуваат за предизвикот да се живее во хомофобична атмосфера. Дел од нив првпат се одважуваат тоа да го направат јавно.