Зоран Заев ги предаде пратеничките потписи кај Ѓорге Иванов и за ден-два очекува да го добие мандатот за формирање влада во ситуација во која ВМРО-ДПМНЕ креира атмосфера дека се загрозени, како што велат, темелите на унитарна Македонија. Крајната цел на, како што изјави Никола Груевски, сценариото креирано од странски центри на моќ е промена на името на државата и на идентитетот на македонскиот народ. Во изминатите години честопати сведочевме на ситуации во кои крадецот велеше држте го крадецот и во кои ВМРО-ДПМНЕ имаше една приказна за името за дома и сосема друга за надвор.